СДСМ синоќа на 19-та седница на Централниот одбор ги распиша првите внатрепартиски избори за избор на претседател кои ќе се одржат на 21 март 2021 година.

Од владеачката партија известуваат дека утврдени се критериумите за кандидатите за претседател на СДСМ, како и начинот и постапката за кандидирање.и дека избрана е Централна изборна комисија од пет члена која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.

Следува формирање на општински изборни комисии во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации.