Во конфузниот говор на Ковачевски пред пратениците во кој не кажа ништо суштински туку само празни флоскули една работа се издвои. Премиерот рече дека ова е “наш македонски предлог и оти нема диктат“.
Предлогот е наш македонски базиран на европскиот предлог и договор од 2022 година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство. Напишан е тука во Скопје каде и се дебатира во Собранието. Ги отфрлам лажните тези дека постои диктат од било кого за било што-кажа точно Ковачевски.
Таче како да заборави дека во денешно време сѐ може да се провери а фала му на бога и добро нѐ држи сеќавањето за тоа што говореше кога замина во Брисел и цел ден глумеше патриот.
Тачевото историско НЕ траеше ден-два, за потоа самиот да каже дека предлогот е на претседателството на Франција и дека подобар предлог не сме можеле да добиеме.
Ако навистина предлогот е на Ковачевски, што никој жив не верува тогаш тоа е уште пострашно. Тоа значи дека Владата презела ингеренции кои се исклучива надлежност на Собранието како што е промена на Устав.
Дали тоа значи дека премиерот со здрав разум прифатил целиот Договор за добосодедство кој го потпиша Заев сосе заедничката историја да стане дел од Преговарачката рамка.
И најважното, дали влегувањето на Бугарите во Уставот не бил Француски туку Тачев предлог за да ѝ се додвори на Бугарија.
На овие одговори Ковачевски ќе мора да даде одговор, кога тогаш!
Comments are closed for this post.