Меѓу многуте документи со кои располагаат и македонските и бугарските историчари за ликот и делото на промоторот на македонската револуционерна организација Ѓорги Гоце Делчев, сигурно се и сведителствата за завршените класови во Военото училиште во Софија.
Интересно е сведителството на Гоце со број 2722. Покрај забелешките за исклучувањето поради „лошото поведение“ на младиот јункер, можат да се забележат две работи.
Прво, на пример, на документот никаде не стои дека бил Бугарин.
И второ, индикативно е што најслаби оценки-7- Гоце имал по два предмета. Очигледно е дека не му оделе баш најдобро бугарскиот јазик и нацртната геометрија.
Comments are closed for this post.