На 27.04.2019 година во 22,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Орце Николов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од К.Г. (24) од Скопје, патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Ч. (19) од Скопје и паркирано патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици  паркирано од Ж.Т. (47) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил Б.С. (20), а со телесни повреди се здобил А.М.Ч.(20) двајцата од Скопје, сопатници од возилото “Фолксваген Голф“, констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Св. Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.