Честит Велигден на сите граѓани, верници што го празнуваат овој голем верски празник. Велигден или воскресението Христово ја симболизира победата на животот над смртта, на повторното раѓање на надежта, на вербата,се наведува во честитката на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски за Велигден.

Посакувам празникот да го поминете во мир, среќа и благосостoјба. Повикувам на обединување, да си подадеме рака, да се обединиме сите околу човековите вредности и да продолжиме заедно напред. За многу години!