Признавањето на Гоце Делчев за Бугарин е црвената линија преку која најверојатно не можеме да преминеме, изјавил македонскиот претседател, Стево Пендаровски, во ексклузивно интервју за Еурактив.

Пендаровски во интервјуто предупредува дека постои голем потенцијал за зголемување на тензиите со Бугарија, пред се заради работата на заедничката комисија која работи на прашањето за таканаречената заедничка историја.

Бугарите почнаа да се жалат во Брисел за работата на комисијата за тоа дека нема резултати…Неформално тие велат дека ако нема резултати тие ќе не блокираат“, вели Пендаровски во интервјуто.

Еурактив потсетува дека директорот на Институтот за национална историја и лидер на македонскиот им во комисијата, Драги Ѓоргиев неодамна потенцирал дека „Северна Македонија никогаш нема да признае дека Гоце Делчев бил Бугарин“.

Бугарија оваа изјава ја оцени како навредлива.

Претседателот Пендаровски во интервјуто бил на иста линија и рекол дека признавањето на Гоце Делчев за Бугарин е црвена линија која Скопје најверојатно не е подготвено да ја премине.

Инаку Пендаровски дал интервју и за „360 степени“ на АлсатМ, која ќе се емитува вечерва, каде тој вели дека Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава.