Новинарот Бранко Геровски кој на Фејсбук објави дека лице кое се претставувало дека работи во обезбедувањето на СДСМ му се заканувало, отиде во партиското седиште.Оттаму му одговориле дека тоа лице не е вработено во партијата.

Од партијата не го знаат заканувачот, знаат дека не е обезбедување, но не знаат дали е член на партијата. -Утрово со Героски имавме конструктивен разговор за заканите упатени до него. Како одговорна партија се оградуваме и ја осудуваме заканата. Наша вредност е овозможување на слободен говор и тоа го правиме-изјави партискиот портпарол Костадин Костадинов.

Од седиштето на СДСМ, Геровски замина на средба со претседателот Стево Пендаровски.

Оттаму велат дека ги осудуваат  сите закани упатени до медиумите и новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.

Претседателот истакна дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка-велат од неговиот кабинет.