„Владата на Чешката Република со четири милиони евра даде помош за јакнење на техничките капацитети на МВР и во тој дел е еден од најголемите поддржувачи на Македонија, истакна министерот за внатрешни Оливер Спасовски за време на денешната заедничка посета со чешкиот премиер Андреј Бабиш на транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Спасовски изрази подготвеност на македонската полиција за понатамошна соработка со цел за успешно справување со евентуална миграциска криза и генерално за обезбедување мир и стабилност во нашите држави, регионот и во Европа.

Со заложбите на Спасовски се согласи и чешкиот премиер Бабиш кој нагласи дека за него ова е посебно ценета посета.

За време на посетата во Гевгелија, Спасовски и Бабиш беа на граничниот камен 59 на јужната граница кој претставуваше порта на балканската рута до нејзиното затворање, а направија обиколка и на чешкиот контингент полицајци кои со своите македонски колеги ја обезбедуваат и чуваат јужната граница.