Со започнување на летната сезона и стартот на летните дискотеки во Скопје, но и  низ државата, почнаа и тепачките во и надвор од објектите.

Во близина на дискотека во Градски парк во Скопје во четвртокот наспроти петокот на 07.06  во 01.05 часот,  бил пронајден И.А. (38) од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош.  Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата пак на 09.06.2019 година во 02:50 часот било пријавено дека во Неготино во ноќен клуб бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Љ.Ч.(19), Г.Н.(19) двајцата од Демир Капија од една страна и Х.И.(18) од Неготино, З.З.(28) од с.Пепелиште и уште едно лице на возраст од 17 години од Неготино од друга страна. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информиаат од МВР.