Организацискиот Секретар на ДУИ, Артан Груби, ја нарече неточната вест информацијата која поладнево ја пренесоа дел од медиумите за наводно разрешување на претседателите на ограноците.

Во демантот од ДУИ стои дека на актуелните претседатели на ограноците на партијата, мандатот им истекол уште минатата година, а на состанокот на претседателството и Централниот Совет пред претседателските избори, се формирала работна група одговорна за одржување на собранието на форумот на младите и на жените, регистрацијата на членството, одржувањето на изборите при локалните подграноци и ограноците како и организација на изборниот конгрес на ДУИ.

„Го избравме новото претседателство на форумот на младите и на жените на масовни и спектакуларни собранија, ја завршивме регистрацијата на членството и следен чекор е организирање на внатрешнопартиските избори. Затоа, на вчерашниот состанок на претседателството се одредија одговорните лица за спроведување на изборите во секој огранок. По овој Изборен процес следува организирањето на изборниот конгрес на ДУИ“, вели Груби во демантот.

Ниту еден претседател на огранок не е разрешен, туку се објавени внатрепартиските избори во согласност со партискиот статут, вели Груби и додава дека ДУИ е партија компактибилна со времето и околностите, па затоа секогаш имала прилив на нови лица во партијата, истовремено заддржувајќи го основачкиот столб непокорен и стабилен, стои во демантот на партијата.