СДСМ освен со манипулации започна да се служи и со халуцинации. Поминаа повеќе од 20 часа од спектакуларната објава на Шилегов за снежно Скопје. Но по 20-тина часа се уште ниту трага од снег, ниту една снегулка има во Скопје,  стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Очигледно е дека статусот градоначалникот Шилегов го пишувал од својата раскошна хациенда во Маврово.
Но она што е очигледно дека Шилегов ќе потроши над 100 илјади евра за чистење на снег кој што го нема во Скопје. Толку за жал ќе чини годишниот тендер, велат тие.

Додека граѓаните немаат пари за леб, Шилегов ќе троши народни пари за непостоечки снег во Скопје. Шилегов освен што уништува и создава хаос низ Скопје, тој преку тендери си го полни својот џеб на сметка на граѓаните, тврди советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.