Кавгата меѓу министрите за одбрана и за надворешни работи на Грција, Панос Каменос и Никос Коѕијас пред сите министри била за пари, односно за тајните фондови. Притоа, се обелоденува податокот дека на тајното конто на министерствотото на Коѕијас имало 45 милиони евра, но и дека, како што тврди Каменос, милијардерот Џорџ Сорос додал уште „50 милиони евра пари за да се распоредат низ Балканот со цел да се влијае на постигнување на Преспанскиот договор“.

Тајниот буџет на Коѕијас бил околу 100 милиони евра, но официјлано се оперира со сума од само 1 милион, додека министерот кој си поднесе оставка рече дека како „црн фонд“ имал 11 милиони евра, од кои пола биле за Црквата.

За написите кои како екслузивни ги објави грчка Ефимерида, а се претпоставува дека и други медиуми располагале со тие информации, но уреднички решиле да не ги објавуваат, сега весникот е под закана од кривично гонење. Делото воопшто не е за потценување – обвинителствотото само неколку часа откако се обвјавени информациите за тајкте сметки и за три кода зад кои се крие трансфер на пари и за весник во Република Македонија, е наредна истрага. Истрагата се води според член 146 од Кривичниот закон, а делото е „кршење на државна тајна“.

Тоа значи дека не е битно дали информацијата е точна или не, туку зошто е објавена. За такво дело казната е до десет години, затоа што законот вели дека тој што намерно или нелегално ќе изнесе документи или вести од интерес на државата или нејзините сојузници ќе биде казнет со затворска казна до 10 години, во конкретниот слулчај најверојатно новинарот Димитрс Такис, кој ја објави целата сторија.

ПресингТВ вчера му упати писмо на Такис со барање информации од него дали е под притисок, од каде му доаѓаат тие притисоци, што знае за трансферот на пари во Македонија…,но одговор до денес не добивме.

Весникот во текст одговори дека Ефимерида не објавила ништо тајно, туку пренела информации од двајцата министри. И покрај заканите, кои весникот ги оценува како притисок врз медиумите и обид нив да ги замолчи, Ефимерида најавува нови написи со нови откртија за аферата, а посебно се интересираат за тајните фондови со кои се плаќале одделни новинари и медиуми.