Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешениот претседател на Парламентот.

Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1. август 2006 година до 21. јуни 2008 година.

Георгиевски, кој беше и истакнат дипломат и професор, режисер и амбасадор, почина вчера утрото на 81-годишна возраст.