Европската унија не сака да ги коментира информациите што ги обелодени Јавниот обвинител дека биле прислушувани обвинители.

Сепак оттаму се јасни дека очекуваат целиот случај да се испита.

ЕУ разбира дека во тек е предистражната истрага за да се утврди одговорноста за наводите за прислушкување, објавени минатата недела од страна на Јавното обвинителство. Како што знаете, ние не коментираме за тековните истраги или постапки-изјави портпаролот на ЕК, Маја Коцијанчич за Пресинг ТВ.

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски минатата недела обелодени дека во склоп на телефонската централа имало два хард диска на кои биле снимени телефонски разговори направени преку фиксните телефони во обвинителство, од 30 септември 2016 година па до сега.