Словачка го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, со што стана 11-та земја членка на алијансата што го ратификува протоколот.

Претходно, денеска, полскиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Прва држава што го ратификува протоколот беше Грција, а по неа следуваа Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка. По ратификацијата на протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на НАТО, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.