Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот скопјанец Љ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 19.05.2018 година околу 23 часот во близина на трговскиот центар на булевар „Јане Сандански“, пријавениот заедно со други лица, физички ги нападнале Д.П. (27) и неговиот брат Т.П. (27) од Скопје, при што со употреба на остар предмет на Д.П. му нанеле тешки телесни повреди.