Најавените протести се всушност последната форма од оваа континуирана одбрана на криминалот на Груевски, менторот на Мицкоски, со сите негови погрешни и штетни политики кои 11 години ја уназадуваа Македонија, реакција од Бихаќка за денешните протести кои ги организира опозициската партија.

Црнилата, разнебитувањето и изолацијата  беа и остануваат симбол на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од осудениот криминалец Груевски. Тоа денеска сеопфатно го брани Мицкоски. Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понудат на граѓаните, немаат идеја, немаат програма, ниту план, немаат ниту предлог во интерес на граѓаните или подобрување на нивниот живот, велат од СДСМ.

Според владејачката партија граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата.

На една страна е криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое ја уништуваше земјава а на другата одговорното и домаќинско управување на Владата предводена од СДСМ кое Македонија ја води напред, се наведува во реакцијата.