Во Европската унија не се оди со Ориент експрес, туку со вистински реформи и ние тоа ќе го направиме, изјави не вечерашниот митинг во Кичево кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Оваа влада со епитет на реформска, единствената реформа што ја направи е промената на името, изјави Силјановска, додавајќи дека според сите извештаи во државата опстојува хибриден режим и нелиберална демократија и како такви не можеме да седнеме на европската маса.

Силјановска потенцираше дека без владеење на правото и правната држава не може да стен збор ни за реформи, ни за почеток на преговори за членство во Европската унија. Наместо поделба на власта, актуелниот претседател на државата е исклучен од сите процеси, нема стручна и компетентна јавна администрација, а непотизмот станна пандемија. Таа нагласи дека идната власт во лицето на ВМРО-ДПМНЕ и она како претседател да ржавата нема да се однесува спрема идната опозиција така како што таа сега, како актуелна власт се однесува спрема опозицијата.

Спрема нив ќе се однесуваме на државнички, европски и демократски начин, рече Силјановска.

Силјановска истакна дека како иден претседател ќе се обиде да и даде женски печат на политиката, со што ќе ја потврди максимата дека зад успешна жена, стојат успешни мажи. Најави дека во својот тим ќе се опкружи со луѓе експерти со знаење, стручност и компетентност. Секогаш ќе инсистира на почитување на Уставот и законите, на намалување на привилегиите и во тој контекст се заложи за намалување на бројот на министерствата. На тој начин, според неа, наместо кај огромниот број функционери, парите на даночните обврзници ќе се насочат спрема граѓаните.

Како претседател ќе се заложам за контрола на безбедносните служби, зашто се плашам дека во нив владеат фамалијарни односи уште од времето на комунизмот, изјави Силјановска.