Кандидатите за претседател на државата денеска ја продолжуваат изборната трка. Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе има средба со млади во Кочани по што ќе оди во Македонска Каменица. Потоа ќе има средби со граѓани во Зрновци. Оттаму се упатува во Виница и повторно централниот митинг ќе го одржи во Кочани. Тој на вчерашниот митинг во Тетово порача ека на Макеонија и треба претседател на сите граѓани.
Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател. Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста, рече Пендаровски.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска – Давкова ќе има митинзи во Центар и Кисела Вода. На митинзите во Бутел и Карпош вчера таа потенцираше дека власта шредводена од Заев и СДСМ е неспособна и порача дека во Македонија царуваат корупцијата и криминалот.
Нема правна држава, нема Копехагеншки критериуми, нема демократија без просперитетна економија, меѓутоа ги чувте ли странските претприемачи во Македонија, едни од најактивните германските кои рекоа нула. Ако е тоа успех тогаш не знам што е неуспех, праша Силјановска Давкова.
Блерим Река кој е кандидат на Алијанса за Албанците и БЕСА во Брвеница истакна дека е време за претседател Албанец.
Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да
може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не
само формална, за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко општество не може да
функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас
против корупцијата и против неправдата, им порача Река на жителите на Брвеница
Comments are closed for this post.