Мојот  татко се бореше за Република Македонија а не за Северна, истакна професорката Гордана Силјановска во своето претставување за кандидат за претседател. Според неа, секоја нација има право на самоопределување а сегашната наша географија е резултат на анексиите.

„Идентитетот е во придавката и тоа мораме да го потенцираме’, нагласи Силјановска

Таа смета дека е лошо да ги бојкотираме изборите и дека овие избори се можност да се делегитимира власта. Тоа би било погубно за државата и ќе отвори можност Талат Џафери да биде на чело на државата. Но, она за што треба да се размислува е да се тргне цензусот во вториот круг на претседателските избори.

Според професорката Силјановска, мора да се намали бројот на министерствата и на заменичките места бидејќи е срамота Македонија да има повеќе министерства од Швајцарија.

Формирање на експертски тим на домашни и на странски професори по меѓународно јавно право, за да го отвориме прашањето за Македонија пред меѓународните институции.