Кандидатот за претседател на Македонија, Филип Петровски во своето обраќање на конвенцијата во Струга рече дека својата кандидатура ја темели врз четири принципи: Поништување на договорот од Преспа, на двојазичноста, враќањето на АСОМ-ските принципи, како и тоа дека претседателот мора да предизвика предвремени парламентарни избори.

„Тоа што е мотивацијата зад која ќе стојам како претседател е дослухот на народот и членството. Не знам дали делегатите ќе се сложат со мене, меѓутоа во Македонија нема член на ВМРО или македонец кој не мисли дека Охридскиот рамковен договор треба да се стави во мирување“, рече Петровски.

Петровски додаде дека на 30 септември народот кажал дека не сака промена на името  дека членството во ЕУ и НАТО било мамка која народот не ја прифатил.

„Ако бојкотот на 30-ти беше казна, сега ќе биде награда. Ако има бојкот на претседателските избори ќе го назначиме Талат Џафери за претседател, човек со воен злосторства зад себе“, порача Петровски.