Упадот во собранието на 27 април според шведските закони не е кривично дело туку бунт. Ова го пишува во пресудата со која Шведска не го екстрадираше обвинетиот за терористичко загрозување во земјава Дејан Давитковски.

По него имаше распишано меѓународна потерница, а беше фатен на аеродром во Шведска каде стигнал од Софија. Тој пред тамошните власти тврдел дека е политички гонет.

„Сомнежот има своја основа во политичкиот прогон. Неговата и безбедноста на неговото семејство е загрозена во Северна Македонија. Неговата сопруга и децата кои се уште живеат во Северна Македонија ги прогонуваат луѓето кои најавија дека тој ќе страда многу лошо ако се врати. Тој нема да добие фер судење во Северна Македонија за тоа што корупцијата е толку распространета во Севрна Македонија. Други кои биле инволвирани во инцидентот беа принудени да признаат кривично дело за да не бидат претепани. Ако тој би одел во затвор постои голем ризик дека ќе биде претепан заради неговите политички ставови“, се вели во пресудата.