Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница, пишува „Мета“.

Во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена не се предвидени ниту во наредните години.