Градоначалникот Петре  Шилегов жали што градот Скопје нема ингеренции да ја сруши дивоградбата во Сарај. Доколку би имале ингеренции, до сега  дивоградбата ќе била срушена. Ова го изјави на прашање од новинарите во врска со дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски. Шилегов изјави дека државниот инспекторат треба да излезе да лице место и апелираше до општината Сарај да почнат да работат и да не дозволуваат дивеење.