Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што вчера и денеска се споделуваат на социјалните мрежи дека е исчезнат Лука Божиновски.

„Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 4.8.2017. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност“, нагласуваат од МВР.

Ваквите лаги и дезинформации, според МВР, се прават со цел да предизвикаат страв кај граѓаните.