Во просториите на Град Скопје, денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов и ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска. Изјава по настанот даде само Шилегов, кој истакна дека ја запознал Арсовска со основните работи битни.
– Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката во градот која е комплексна во многу сфери, меѓутоа екипата што остана овде е сериозно професионална и очекувам дека ќе и помогнат да има успешна работа, рече Шилегов.
Comments are closed for this post.