Потпретседателот на ВМРО -ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски денеска објави дека тие заедно со пратениците на АА и Алтератива, Беса и Левица поднесуваат иницијатива за гласање недоверба на Владата. Според него, оваа иницијатва ја потпишале 61 пратеник и нивните очекувања се дека претседателот на Собранието во соодветниот рок ќе закаже седница односно најдоцна до четврток.

Николоски, кој цитираше дел од иницијативата, искажа уверување дека очекува недовербата на владата да биде изгласа со 61 и повеќе пратеници, и покрај ставот на пратеникот Скендер Реџепи од АА. Тој рече дека тие се во преговори за поддршка со уште неколку други пратеници.

-Чекавме одум дена по најавата премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, рече Николоски