Дали е само прашањето со барање за екстрадиција на членови на движењето на Фетула Ѓулен во Македонија, или има други детали кои јавноста не ги знае, заради кои Турција се колеба со ратификацијата на Протоколот со НАТО?
На ова немаме јасен одговор, но министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера за ТВ Телма потврди дека нешто чкрипи за ова со Анкара, инаку наш сериозен и потврден партнер, па и на полето на соработката во одбраната.
На прашањето „дали сме сигурни во позициите на Анкара и дека нема да има пречки на нашиот пат кон НАТО”, Шекеринска рече дека не е сигурна.
Ништо не е сигурно и ништо не треба да се смета за сигурно се додека не се заврши. Затоа никој од нас не е релаксиран. Никој од нас не вели ах, ние нашето го завршивме. А околу прашањето за естрадикцијата ние немаме дилеми. Се она што е во согласност со стандардите кои се вградени во нашиот систем, во нашите закони, ние имаме и обврска да ги почитуваме. Меѓутоа тоа не е единственото прашање во нашите билатерални односи“, рече Шекеринска.
Comments are closed for this post.