Досега до Собранието не е пристигнато барање за апанажа од поранешниот премиер, Никола Груевски, информираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната неформална средба со новинари.

Собранието неговата оставка ја констатира на 11 јуни и отогаш тој има рок од 30 дена да поднесе барање за апанажа.

Барање за апанажа не поднел ниту Павле Богоевски, кој си даде оставка по скандалот со снимката на кој асе слуша дека пратеникот прави некаква нарачка, а тој тврдеше дека нарачувал масло од канабис.

Ако Груевски и Богоевски поднесат барање за апанажа , уште една година ќе земаат цела пратеничка плата во висина од над 60.000 денари.