Од 28 министерства, во Собраниево има само шест министри, реагираше координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески на стартот на денешната седница на која се поставуваат пратенички прашања.

Апелирам сериозно да ги сфаќате седниците за поставување на пратенички прашања“, и порача Мицески на власта.

Инаку пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток од месецот, но овој пат се во петок поради изборот на новите министри, кој се случи вчера пред полноќ.