Шефот на унарската дипломатија Петер Сијарто денеска е во посета на Македонија. Министерот кој важи за голем поддржувач на земјава ќе има средба со вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи по што ќе следува заедничка прес конференција.

Сијарто на последниот состанок на европскиот совет нагласи дека е разочарувачки што не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија.