Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. „метла”, која беше најавена со голема помпезност, велат од партијата.

Од „метлата“ не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последица на оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно. Единственото „откритие” на премиерoт е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен „трик“ за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати, велат од партијата Алијанса за Албанците.

Според нив премиерот дефинитивно не покажал смелост да се ослободи од партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат во наследство.

Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам. Тој не покажа храброст да се ослободи од неспособните кадри во министерствата и кои не ги постигнаа ветените резултати. Тој не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадрите кои им даваат тендери на штотуку регистрирани фирми, кадрите кои ја користат функцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки, истакнуваат од Алијанса за Албанците.