Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на 24 и 25 јуни 2019 година ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.

 Како што соопштија од неговиот кабинет, Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со  претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.

 За време на официјалната посета претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.