Денеска заседава Комисијата за заразни болести која ќе треба да одлучи дали рестриктивните мерки во државава ќе останат на сила.

Според неофицијални извори на ТВ21 полицискиот час ќе биде продолжен уште една недела, додека пак угостителските објекти ќе останат затворени.

Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

Ова се должи на третиот бран кој е и најголем во ковид пандемијата во Македонија. Во овој период здравствениот систем беше оптоварен со голем број на хоспитализирани лица, па беа отворени и неколку нови модуларни болници.