СДСМ преку соопштение реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со висината на казната за настаните во Собранието за кои рече дека се класичен политички прогон на актуелната власт, против оние што не се истомисленици.

Од СДСМ велат дека одбраната на насилствата од 27-ми април и обидот да се релативизира обидот за убиство, линч, за рушење на уставниот поредок и демократијата, говорат за матрицата на Христијан Мицкоски.

Од партијата посочуваат дека лидерот на опозицијата е ист као Никола Груевски, додавајќи дека неговите изјави немаат никаква врска со правото, затоа што согласно правото за насилство следува одговорност.

Од партијата на Бихаќка сметаат дека кога зборува за нарачки Мицкоски во суштина мисли како да ја дефокусира јавноста она што на сите им е јасно дека нарачките на насилствата од 27 април доаѓале од врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

За поделбите и омразата што ги шири Мицкоски ќе ценат граѓаните.