Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска попладне учествуваше на граѓанска трибина во Штип. Во дебатата, тој го посочи значењето и придобивките за граѓаните од интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, не само од аспект на безбедност и стабилност туку и од економски аспект, повеќе пари и подобрување на животниот стандард.

„Имаме меѓу партиски консензус за членството во НАТО и ЕУ, од декември 1993 година, многу политички гарнитури декларативно се залагаа но само на оваа политичка гарнитура предводена од Зоран Заев успеа да ја донесе земјава на прагот од најсилните сојузи кои некогаш постоеле“, рече Пендаровски.

Пендаровски вети дека ќе биде претседател на сите граѓани и повика на солидарност и обединување околу овие стратешки цели, ЕУ и НАТО.

Тој додаде дека не смееме да дозволиме процесите да не се вратат назад во минатото, во неизвеснота, во изолацијата, далеку од ЕУ и НАТО.

“Ја гледаме опозицијата со нејзиното однесување и кандидатот. Имаме работа со луѓе кои не признаваат грешки, не признаваат реалност, јас немам верба во тоа што тие го нудат’, рече Пендаровски.