Некрофилната ДПМНЕ наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции, МВР и ЈО, за расчистување на криминалот на Клиниката за онкологија , срамно се обидува да злоупотребува мака на болни.Тоа најмногу покажува на кое ниско ниво, на кое дереџе падна очајниот Христијан Мицкоски,oбвинува СДСМ.

После 20 години за прв пат се расчистува ваков случај, токму од надлежни институции и Влада предводена од СДСМ.Одговорноста за криминалот на Клиниката за онкологија има име и презиме и врз основа на докази и законска институционална постапка ќе се санкционира секој што е инволвиран, години наназад.

Без злоупотреби и без етикетирања на сите доктори и медицински сестри сите вмешани ќе бидат изнесени пред лицето на правдата.

СДСМ нема да дозволи кој било да се богати на сметка на здравјето на луѓето, ниту пак политички да се злоупотребува случајот од криминални партии како ДПМНЕ.