Оливер Спасовски на ТВ21 ја коментираше изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека никој од Владата нема да интервенира околу случајот на онкологија.

„Не ми е гајле дали владата ќе интервенира или не, тимот кој работи на овој случај има задача да ги открие сите виновници, и компромис со животот на граѓаните мора да има. И не ми е важно дали е некој од СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса. Која е таа политичка структура која што е повредна од еден човечки живот“, рече Спасовски.