„Опозициската партија втор ден по ред, извртува изјави и податоци и лаже дека ќе следувале масовни отпуштања на лица вработени во институциите. Што ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатите години освен што од државните институции направи партиски испостави? Каков план нуди ВМРО-ДПМНЕ денес за администрацијата, освен што секојдневно шири лажни вести?“, реагираат од владејачката партија.

Од таму велат дека заврши времето кога се криел бројот на вработени во јавната и државната администрација, кога институциите биле претворени во партиски штабови на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, со започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат, процесот на вработувања во државните институции се одвива според годишните програми и потреби на институциите, а дел од вработувањата се со цел подобрување на состојбите во институциите во кои постои сериозен недостиг на кадар. Граѓаните да останат смирени, ниту имало, ниту ќе има масовни отпуштања од администрацијата како што лаже ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.