Во време кога Македонија секојдневно руши црни рекорди на починати и заразени од коронавирус, само на СДСМ и ДУИ им е до избори.

Народот живее во голем страв, а партиите на Заев и Ахмети имаат за цел да ги турнат штипјани во уште поголем ризик  и во ваква опасна ситуација да го стават партискиот интерес пред здравјето на секој поединец.

Но, СДСМ и ДУИ остануваат осамени во намерата за корона избори во Штип и Пласница.

Имено, останатите партии, почнувајќи од ВМРО-ДПМНЕ, а по нив и помалите, нема да земат учество на овие ризични избори.

ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на вонредните локални избори во Штип и во Пласница, поради загрижувачките бројки на нови случаи на коронавирус во земјата.  Но, власта немаше слух за ова барање и покажа дека корона избори се нивни приоритет.

СДСМ и Љупчо Николовски ги множат штипјани со нула и воопшто не ги интересира здравјето на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Љупчо Николовски дека и покрај барањата на опозицијата за одложување, сепак, ќе се одржат избори за градоначалник на Штип.

Тие се опасност за здравјето на граѓаните во Штип. Да се има избори во Штип значи нови заразени и мртви во Штип од корона. Не постои нешто како сигурни избори и заштитено здравје. Или ќе има избори и многу заразени и мртви или ќе има одложени избори и заштитено здравје. Тоа што СДСМ е осамена во намерата за избори во Штип значи дека тие сакаат на мала врата по цена на здравјето на штипјани да ја сочуваат фотелјата на Бочварски и Заев. Наместо Николовски да глуми експерт по здравје нека земе да работи за борба против корупцијата која ја има во изобилие, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.