Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилното однесување, говорот на омраза и ширењето етничка нетрпеливост на поединци и групи. Нема толерирање на насилно однесување и ширење говор на омраза и секое лице кое постапувало незаконски мора да одговара.

Како што јавно соопшти СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот што во претходните денови се случил во Тетово. Остварена е и средба меѓу надлежните институции, СВР Тетово и Основното јавно обвинителство за конкретно квалификување на делата, утврдување на динамиката и следните чекори, за комплетно расветлување на случајот и соодветно санкционирање на одговорните.

 

СДСМ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на провокации, а антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не подгрева тензии туку да ги остави надлежните институции целосно да го расчистат случајот. Македонија е правна држава каде што законите важат неселективно односно подеднакво за сите граѓани.