Со вчерашната одлука на советот на Град Скопје за поскапување на паркирањето за вработените во Клинички центар, наместо 300 да плаќаат 800 денари, според математиката на вработените во Клинички во градскиот буџет годишно ќе влезат дополнителни околу 160.000 евра.

До сега на сметка на Град Скопје се слевале околу 110.000 евра, а со најновото поскапување на паркингот, на годишно ниво ќе влегуваат околу 270.000 евра.

Градоначалникот Петре Шилегов по чии предлог е донесена ваквата одлука, во свето излагање пред советот, рече дека заради евтин популизам на клинички поделени се 1.500 месечни карти за кои вработените плаќаат повластени 300 денари во услови кога на паркингот има 670 места.

На годишно ниво до сега ЈП Градски паркинг од посетителите и вработените кои доаѓаат во кампусот на клиники инкасирало околу 475.000 евра.