Изборот на Владата Теута Арифи да ја претставува Македонија во ЕУ, а Зоран Попов од СДСМ во САД за ВМРО-ДПМНЕ е задоволување на големите коалициски апетити.

Портфолоито на Теута Арифи е проблематично, особено што по три градоначалнички мандати од Тетово замина со еколошка катастрофа како багаж и долг на општината од 30 милиони евра.

Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ. Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата.

За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.

СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството. Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе, велат од опозициската партија.