Претседателите на бугарија и Германија, Румен Радев и Франк-Валтер Штајнмаер имале работна средба во Стразбур на која биле разменети мислења за безбедноста во региони соседни на ЕУ и за европската перспектива на Република С.Македонија. Бугарскиот претседател ги изнел очекувањата за активен двостран дијалог на високо ниво со РС Македонија преку кој ќе бидат решени спорните прашања во обостраните односи, го пренесуваат медиумите соопштението од прес-службата на Радев.

Румен Радев посочил дека Македонија треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на ЕУ, преземајќи конкретни активности за прекинување на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научни институции, во јавните медиуми, за прекин на фалсификување на бугарското културно-историско наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го манифестираат својот бугарски идентитет.

За време на средбата Радев исто така го поставил прашањето за влегувањето на Бугарија во Шенген зоната, за што земјата ги исполнила техничките критериуми уште во 2011 година.

Двајцата претседатели се согласиле дека ЕУ треба да биде многу поактивна во барањето мирно и одржливо решение на кризите во соседните региони, што се причина и за зголемениот миграциски притисок врз Европа.