Има само еден вистински чекор-во Софија за обостран дијалог. Тогаш ќе се решат сите проблеми, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарските новинари за време на заедничката посета со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, на Рим.

Радев пред новинарите отфрли еден од предлозите на португалското претседателство со ЕУ за надминување на кризата меѓу Бугарија и Македонија-учество на меѓународни експерти во заедничката историска комисија.

-Немаме потреба од никакви посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите. Од нас зависи, од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија, базиран на историски документи, на оригиналите. Комисијата ќе сработи за историјата. Најважно е ние на високот политичко ниво да ги направиме потребните чекори, изјави Радев.

Тие чекори, според него, не минуваат низ другите европски престолнини и од таму да се врши притисок врз Бугарија.

-Во никој случај. Треба да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев.