Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов го одби Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија, вели бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој пред новинарите рече и дека „обидите на нивните (македонските) политичари да изградат идентитет врз основа на фалсификатите на Комунистичката интернационала се против интересите на граѓаните на РМ кои сакаат членство во ЕУ.

-Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михаилов го одби Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не беше Иван Михаилов, туку други луѓе кои убија десетици илјади во концентрационите логори за време на воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија. Само затоа што решиле тие да се нарекуваат Бугари, а не Македонци. Ова е фашизам, изјави Радев за бугарските медиуми.