Претседателот Стево Пендаровски на вчерашната средба со германскиот колега Франк Валтер Штајнмаер побара што поскоро да се донесат уставните измени со цел Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Шефот на државата вчера рече дека кај сите партии без разлика дали се власт или опозиција има консензус за членство во ЕУ  затоа ова прашање мора да се заврши.

Зошто тоа не би го завршиле сега.Ако сите се согласуваме 30 години наназад дека имаме апсолутен конзензус за членство во ЕУ.Не сум чул поинаков став од најголемата опозициска партија. Мислам дека треба да го завршиме тоа.Во интерес е на државата и на народот. Не е битно кој е на власт-нагласи шефот на државата.

Но, забележително е што претседателот за само една година три пати го смени ставот за уставните измени и ретерираше во својата позиција.

На 23 декември минатата година Пендаровски за „Канал 5“ изјави дека е против промена на Уставот сега.

Тогаш Пендаровски сметаше дека сега не е време за отворање на Уставот.

На тие точки 5+1, ние ги кажавме нашите позиции. Немаме добиено одговор од Софија. Мислам дека е ред кога јас на улица ќе ти кажам добар ден и ти мене да ми одговориш со добар ден, да не вртиш глава. Постоеше и нели португалскиот предлог, кој беше донесен во Скопје и Софија. Тие му рекоа на Да Силва (португалскиот МНР) дека им треба 4,5 дена за одговор. Пак немаше никаков формален одговор ниту на тоа. За што зборуваме тогаш? За 6 месеци, еден месец? Прашањето е дали ти сакаш да влезеш во реални разговори со мене или сакаш само да ја тегнеш работата-говореше Пендаровски.

Пред само еден месец Пендаровски за „ТВ 24“ призна дека немаат доволно пратеници за промена на Уставот.

Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме – рече претеседателот.

И сега го имаме вчерашниот трет став на шефот на државата дека ова прашање мора да се заврши што е можно поскоро.

Претседателе, зад кој став стоите сега?