Со што се занимаваме ние наместо тоа? Со уцени над Северна Македонија, што на нашите сонародници им ги претставуваме како заштита на бугарскиот интерес. Нашата позиција е неразбирлива за светот, но не зашто не ја пропагираме, туку затоа што е глупава – ние го осудуваме регионот и самите себе си во него, затоа што види, има едни послаби од нас.

Ова, меѓу другото во текст за бугарската редакција на Дојче веле го пишува проф.Ивајло Дичев. Текстот е насловен како „Замислете си само како изгледа Бугарија од надвор?“ и во него авторот ја претставува актуелната политичка ситуација во Бугарија и во тој контекст се осврнува на односите со Македонија.

-Само претставете си како изгледа нашата позиција од надвор, со која сме совршено изолирани: ги обвинуваме браќата Македонци дека не ги почитуваат човековите права. Ние, државата со толку многу пресуди токму за човековите права. Ние, кои неодамна преименувавме стотици илјади бугарски Турци и ги принудивме да се иселат. Ние, хомофоби, а неретко и расисти.

Од сите работи за кои ги обвинуваме соседите, некаков резон има единствено во спорот околу историјата, кон кој соседите сакаат да му се придружат. Но, погледнете го повторно од надвор-наместо да градат железници, да прават заеднички универзитети, да ги прифаќаат еврофондовите, тие се фатиле да се караат какво било етничкото потекло на еден од нивните херои со тешко изговорливо име. Но, тие си се такви, загубени-знаете, балканизација… Парадоксот е што братоубиствената рововска војна ние се претставува како акробација во меѓународната политика. А, всушност, таа буди само досада, тензии, поигрување, пишува меѓу другото авторот.