Попладнево пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, порача тој.