Светот каков што го знаеме постојано се менува особено за време на пандемијата која што не снајде. Еден од основните двигатели на промените на економско и општествено ниво е дигиталната трансформација.

Денеска половина од светската популација е на интернет, третина на социјалните мрежи а повеќе од половина поседуваат мобилни телефони.

Лидер во дигиталната економија е Кина со над 40 проценти од глобалните транскации.

Ова беа главните теми на денешната онлајн промоција на книгата „Дигитална трансформација-иднината“ во издание на Центарот за стратегиски истражувања и анализи.

Ова издание секако ги носи поблиску во дигиталната зелена иднина Кина и нашата земја.

На промоцијата говореа амбасадорот на Народна Република во Кина, г-дин Жанг Зуо, Др. Владимир Петковски, Елизабета Џамбаска а за зелената трансформација говореше  Др. Маргарита Матлиевска.

5G мрежите претставуваат  основа за дигиталната зелена економија а тоа убаво го објасни д-р Иван Петров.

Се разбира дека важно поле е и заштита на приватноста и личните податоци а на нив се осврна др. Зоран Гацовски.